http://www.zaharievski.com/page.php?id=188 http://www.zaharievski.com/page.php?id=141 По тоа што го прочитав овде, сфатив дека Аск-ус е промена на клетките која претходи на ЦИН1, ама не мора да е од ХПВ, може да е и од бактериска инфекција. Провери си најдобро од што е, да не си ја јадеш душата на празно. Гинекологињата моја ми кажа да не се претерувало, и во рок од 6 месеци помеѓу двата ПАП-теста да искористам 3 пакувања.
Дали некоја од вас ги има користено вагиналетите со aloe vera, echinacea i propolis? http://www.cydonia.com.ba/en/vaginal-ov ... vagitorije Баш за нив прочитав тука на форум некоја ги имаше користено. Дека биле за хпв. Е сега јас немам направено типизација хпв, не знам дали го имам, али битно имам цин1 па мислам дека би можела да ги искористам.
Ако некој има ЦИН 1, мислам дека секој совесен доктор би го упатил на типизација. Јас така имав ЦИН 1, а типизацијата покажа и ХПВ ризичен. Ако веке има и ЦИН 1 и ХПВ, тогаш се оди на биопсија. Мене докторот поради ХПВ-то ме испрати на биопсија. Сама решив да одам во Систина, а докторот го замолив да ми најде добар лекар таму, и тој ми најде. Направив пред една недела биопсија и резултатите ги имав за два дена. Среќа, беа добри. Значи вака се одеше. Ме успаа, се разбудив по 2 часа. Ништо не осетив, а третманот е супер. Е сега, наредните 2-3 дена ми беше малку тешко и имав како слаби менструални болки. Кога отидов по резултатите, докторот ми кажа дека ми земал примероци од 8 места, комплетно ми направиле испитување, и само површински имаше Цин 1, внатре беше се чисто. Можеби по биопсијата беше малку тешко, но среќна сум што се ми е проверено. Докторот рече дека нема потреба од ласер или слично и дека Цин 1 може и сам да се повлече. Но рече да имам здрав начин на живот (пред месец ги оставив цигарите, инаку ова ми се случуваше цел март), да се хранам здраво, еве доаѓа пролет, на излегувам на прошетки, витамини... Ќе се придржувам и се надевам на добро. Исто, нагласи дека е многу важно да избегнувам стрес, затоа што тоа било многу важно кај нас жените. Исто сакам да кажам дека кога ги добив резултатите, бев многу вознемирена, но решив што и да е, ќе го решам. Си реков на себе нема по цел ден да мислам на тоа, тоа да ми го уништи животот. Дента пред биопсија се наспав, само 15 минути пред да почне малку ми бече шубе. Што треба да правам? Да плачам, кога нешто е веќе тука? Е има да го решам. Што треба ќе направам, направив и точка. Сега само позитивно. Не треба да се биде под стрес, тој само влошува. Поздрав до сите и само ладнокрвно и без солзи, и се ќе биде во ред.
http://www.femina.hr/clanak/index/r/3/c/657/se/zdravlje_pobijedite-cin--zauzdajte-hpv http://www.tigrus.hr/media/3183/hpv.pdf Најдов нешто, што се надевам ке ни биде од корист.
zdravo,bev na ginekolog i mi najdoja cin 1 i hpv od tip 16(visokorizicen) doktorot mi dade terapija t.e piluli energetic se vikaat isto i za mojot partner.znam deka treba da go zajaknam imunitetot za virusot da iscezni ,no ve molam za vase mislenje .malku mi e strav si vikam sto ako ne se trgne????(((( [mod-kirilica:1q3t8h0w][/mod-kirilica:1q3t8h0w]
Женски народе и ти останатиот што се чувствуваш така, чуј и почуј! Го купив чајот од Херба Стојанови против ЦИН1 и ХПВ, ќе треба да испијам 2, максимум 3 дози, ама за резултати ќе почекате до крајов на годинава кога ќе правам нов ПАП. Договорени сме? Е така, да ме имате на ум, за да ме немате на душа.
Пред една недела бев на гениколог и докторот ми кажа дека имам раничка на грлото на матката, која може но и не мора ништо да значи. Сега ги чекам резултатите од ПАП-тестот (а ми кажаа за 1 месец) и низ главата ми се мотаат секакви сценарија. Неизвесноста ме убивааааааааааааа.........
пробај да не мислиш на тоа,најди си некоја занимација и слично. Само смирено поз и се надевам се ќе биде во ред
Женски јас да ви се пофалам стигнале резултатите, и све е во ред! Немам повеќе цин 1 !! Нити инфекција ништо! Браво Маро се излечи.
Како да се излечам од cin 1? Jaс имам cin 1 и незнам како можит да се излечам од тоа.Ве молам ако знаете нешто во врска со тоа кажете ми.
Основно е одржување на постојано високо ниво на имунитетот. Разгледај низ темава, сите споредувале некакви искуства, па можеш да извлечеш некоја средина за она што би помогнало. Провери и тука: zdravstveni-problemi/ranicka-na-grloto-na-matkata-t41/ zdravstveni-problemi/hpv-dali-ste-informirani-t171/
Пред година и пол бев прв пат на гинеколог и замислете ми ги помешале резултатите од пап а тоа го дознав на следниот редовен преглед кога се утврди дека моите резултати не биле во мојот картон, па кога ги најдоа имаше што да се види - хпв... Повторно ме прегледаа, го чекав пап-от месец дена и излезе цин и хпв... Значи толкава нестручност во животов немав видено, бидејќи за една година проблемот си се развивал. Бев на биопсии типизации бла бла... па морав на ласер бидејќи хпв беше високоризичен 16 а цин 1. Нормално кај Димитров на клиника си појдов за таа работа и ме среди Пиев се и сешто... домашни некои лекови на база на мед и бадеми, алое вера гел пиев, сите можни витамини, па после на првиот преглед не покажа ништо од хпв или цин. Сега сум следниот месец пак на контрола па ќе видиме.
Zdravo...pred 2 god. mi dijagnosticiraa prisustvo na hpv virus, a pred necela god i cin1. Resiv da se soocam so problemot i da go resam . Prvo moram da vi kazam deka voopsto nemav zdrav zivot vo smisla imav plus 20kg od ova sto sum sega, se hranev so razlicni gluposti, imunitet vo minus...so eden zbor katastrofa. Megjutoa zivotot e mil i jas pocnav da se menuvam. Prvo sto napraviv resiv da ja smenam ishranata 100% i ja posetiv Cece (sigurno za poveketo poznata nutricionistka) i zenata mi go smeni zivotot, se razbira na podobro. Kaj nea pocnav da odam od fevruari i ja posetuvav zaklucno so maj 2011 i osven sto oslabev priblizno 20kg, krvanata slika mi e super, se osekam zdravo i zamislete na posledniot pap koj go pravev pred okolu 2 meseci cinot go nemase zaedno so prisustvoto na virusot. So eden zbor se potrudiv da go podobram imunitetot so sto organizmot sam se izboril protiv virusot. Taka da se cudam so nekoi od vas sto pisuvaat deka odma gi terale da odat na nekoi laserski tretmani, operacii i sl. Mnogu e prosto i ednostavno, bidete dobri sprema vaseto zdravje i telo, za toa da vi vozvrati vo ista mera
Denes mi javi ginekologot deka stignale rezultatite od pap testot i deka imam cin1 , utre ke odam na konsultacija Sto mislite, mora od odma biopsija ili moze prvo da se proba so vitamini i sl. za podiganje na imunitetot??? ili treba tipizacija i sl....ajde eden sovet ako moze ...
Ако ти е дијагностицирано присуство на ХПВ, ќе правиш и типизација. Т.е. покорисно ти е во секој случај да си направиш типизација, да си на чисто, зашто може ЦИН1 да покаже и поради бактерија или инфекција, не мора да е задолжително од ХПВ. А биопсија и триста чуда - не, за посериозни фази се применува. Засега работи на имунитетот.
На ПАП тестот пред една недела, покажа дека веке немам ЦИН 1. Погледнете што сум напишала на таа тема, кај мислењата. Ке ви користи. Поздрав и на сите им посакувам да оздрават. Може само ако се сака и ако сте упорни. А и не е многу тешко, следете препораки од доктор, ама сериозен доктор. Пак ке напишам. 5 месеци вагиналети Ацидосалус (Една ацидосалус пред спиење, следната вечер кантарион пред спиење). Значи секој месец после мензис, ставав по 14 вагиналети. Долго беше ама ми стана навика. Пиев Иммунаце, потоа Имунобор, и месец ипол Алое Вера. По 2 Ц витамина од 500 мг. Намалив цигари, намалив нервози, се што ме нервираше одј**ав. Јадев моркови скоро секој ден, рендани или во комбинаца со цвекло. Секој ден овошје, јаболки, праски, чај од брусница, се ми стана навика. И тоа ми помогна. Еве ви совет, па применете го. Секако за вагиналетите и апчињата за имунитет консултирајте се со лекар. А другото може да го примените. Поздрав!
Kaj mene na pap testot mi kozaza cin 2, a na biopsijata cin 1 i prisustvo na hpv 82 i hpv 53 neznam sto da pravam bev vo sistina mi kazaa poditno laserska tarapija,vo Sv.lazar mi kazaa nema potreba od nikakva intervencija samo zgolemuvanje na imunitetot. Neznaev na koj da veruvam pa otidov vo drzavna bolnica razgovarav so Marijan i Goran mi kazaa deka se najdobri od taa oblast marijan kaza poditno laser, a goran kaza deka spored site protokoli na medicinata na ova nesmee i nema potreba od bilo kakva intervencija zatoa sto na rezultatot od histolap pisuva lesen stepen i sega neznam sto da napravam ve molam za nekakvo mislenje dali da otidam na laser ili da go podobruvam imunitetot pa potoa na kontrola mi e strav da ne se vlosi sostojbata Blagodaram odnapred