Леле дај, не знаат они да проценат дали треба да влезат во брак па ти сеа ќе им држиш предавања што е подобро за нероденото дете. Секој си одлучува за себе, дали ќе абортира или ќе влезе во брак или што ќе прави. Испадна ти знаеш подобро од другите што е погрешно за нив. Ај олади, нема потреба да се внесуваш во муабети за бракови и деца кога ниедно од тие не ти е цел. Која самобендисаност е тоа да се дрзнеш на непознати да им попуваш и судиш за животни одлуки. Добро кажа членот во муабетот со невидливи демони. Темава стана 3000 страни и во глобала се проблеми кај што девојките не можат ни до втор дејт да стигнат поради незрели мажи или врски со топло ладно, гоустнување ама овој што би се женел е на клада. Нема потреба да се дискутира како што рече 100 години и без твоите предавања свесни се сите дека не мора да се мажат ако се трудни. Немој да почнеш сеа да просветлуваш дека постои опција развод за несреќни бракови. И тоа знаат сите!
Јас само реков дека не би се сексала со некој што ќе ми сврти таков муабет. Се најдовте повикани да браните "семејни вредности" и да глумите дрвени адвокати. Пази, за наводна бременост од несериозна врска почна муабетот Во однос на булшитот, секад ќе ги прозивам, како тој за гледање туѓи неродени деца
Сме се нашле повикани да реплицираме пошо сите живееме во исто време со тебе, во 2025, знаеме да опција абортус, за опција брак и замисли знаеме дека не мораме да прифатиме брак. Мислам сите решенија ги набројав. Не знам зошто мислеше дека има потреба специјално ти да укажеш на тоа? При тоа без да штедиш на сарказам и хејтање. BTW никаде не беше потенцирана несериозна врска. Ако за тебе се тие врски регуларно ништо чудно што поаѓаш од таму. И јас на времето гледав сексот и градот ама ете во глава ми е прво нормална љубовна врска, верувам и на членот па од таму и нашите ставови.
Да, беше почната дискусијата за таква врска Не сум јас крива што не читате. Јас си коментирав за себе, а за моите врски гајле да немаш, мислиш срам ќе ме фати од муабетов бе Еве имав екстра време па прочитав што ти е смешно, судејќи по хуморот, ни за 2 години нема да разбереш што е кажано. Така да, уживај си, ќе се зезаме до бескрај, немам попаметна работа моментално секако.
Да си се земете вие со членот најубаво @felisitas Волку бранење неам видено на форумов.. Одлично објасни Камелија со ова: Катастрофални грешки се прават, страдаат и трпат невините, а вас ве боли стапот за тоа, така испаѓа. Вака покажувате зрелост и одговорност? Коа ќе прочиташ "да затруднам некоја" шо тоа значи?
Па ја гајле немам за твоите, ти имаш за туѓите напротив убацивајќи им се и ставајќи ги по дифолт несериозни. Еве јас и мн други не увидовме дека станува збор за несериозна врска. Во првото мислење за членката стануваше збор за бивша што абортирала и за која и раскажал дека ја прекинал врската поради наводните муабети. Во мислењето на членот, ако затрудни некоја, не се однесува на некоја рандом оп троп, туку пошто најверојатно немал никоја во тој момент, е ставено "некоја", потенцијална. Во таа смисла. Јас сум во брак имам и дете, ете нека повелат кој немаат. Не го бранам членот туку реплицирам на хејтот, особено што сметам секој има право на мислење и никој не се познаваме за да судиме еден за друг и да попуваме. Има зошто сигурно зошто го има тој став и таа некоја сигурна сум дека не би била било која во неговиот живот односно би бил поодговорен со кој има секс како прво, односно не би бил со некоја ако не ја гледа како сопруга. Да, се сложувам за катастрофалните грешки се прават ама за тоа се мисли унапред, со кој се сексаш и колку си заштитен. Бар за мене зборам, никад не сум била со небитен лик и секогаш сум била внимателна без разлика и до уши заљубена да сум била. Како мајка сум се остварила со тој што сум увидела дека е вистински за мене и тоа е тоа.
И ти му поверува? И тоа и дека туѓо дете ќе гледа? Ако е до детето, што е важно дали е онс или рандом или посериозно? Тоа пробувам да објаснам - дека е погрешно "товарот" да се става на плешки на детето, да е "проблем" за кој дотичниот и било кој ќе се "жртвува". Тој менталитет е погрешен од многу причини. Е сега, јас затоа и реков дека со тип што ваков муабет би ми свртел не би се сексала - не сакам да се жени со мене поради "одговорност". Да размислува дека е "должен". Оти не е, како што не сум ни јас. Ваљда е појасно, ако не е, ќе пишуваме уште. Жално ми е што жени трпат секакви оти ама децата. Тоа е за селото, не е за децата. Мисли си Исто и јас, затоа ако ги стега кондомот, секс нема
Па види не сум тука ја да судам дали некој лаже. И форум е, зошто би лажел, сите сме анонимни. Читам тоа што пишал. Ете он смета дека тоа неродено дете има право да расте во семејство и не сака да му го скрати тоа од старт. Нели е малку парадоксално ќе се сексаме несериозно и нема да внимаваме ама одговорност ќе преземеме отпосле со тоа што нема да влеземе во брак оти не сме си биле во план како сопружници . Види ја не велам пак да се влезе во брак по секоја цена. Иако ретко, има и парови што тој вонбрачен концепт им одговара. Единствениот пример што го знам дека функционира тека е каде што мажот е геј но сака свое дете , а жената сметала дека и откуцува биолошкиот часовник и се решија на тој чекор. Инаку другари цел живот. Но во случајов конкретно членот кажува за себе, и псоле пак појасни дека мисли на потенцијалната девојка ама упорно се продолжи со тоа, ама бракот е погрешен ако е ради детето. Што и не мора да значи исто како што не значи успешен ако е без бременост. Јас сум фамилијарна ама еве да не сум, никогаш не би имала секс како прво ons друго ако е типот нестабилен, мрзлив, нечесен итн, сите особини што не ги сакам кај еден маж кој би бил потенцијален татко на моето дете и не можам да се замислам да ми е сопруг. Мојата одговорност почнува од таму.
Еве јас судам дека лаже оти "таквите" одма ги намирисувам - со малце боцкање почна да кака против феминизам - што и ми ја докажа поентата дека првиот пост му беше дрндупки и лаги Туѓи деца ќе гледал, сигурно. Не е ова лично против него, ни прв ни последен на форумов што ќе никне и ќе изиграва најс гај, а суштински е шовинист и тоа тежок Во однос на тоа кој со кого се секса, пак не сфаќам зошто го коментираме, имај, немај, не е ничија работа ниту некој има право да ти каже што е правилно. Тоа е дел од твојата телесна автономија и како сметаш дека е исправно - така е исправно. Има и доволно теми (развод и слични) оди и види што сè трпат ради "децата" (трпат ради осудата од општеството воопшто да не се омажат или да се разведат), колку се каат што се омажиле поради истово и се осеќаат заробени итн. Може ти живееш во 2025, ама во 2025 овие ситуации се реалност за многу жени, што се мажат од "немање избор". Можеш да прочиташ со нивни зборови
Еве пак ми изврте зборови или читаш тоа тебе што ти се чита. Јас реков дека нема да ја притискам да абортира дете што не е мое, баш заради тоа дека нејзино тело нејзино право. Но тогаш најверојатно нема ништо и од бракот да бидне. А доколку е мое тоа дете тогаш пишав 10 страни наназад што би било кога би било. Цело време мислам дека си паметна и дека знаеш да читаш меѓу редови па затоа пишувам и со метафора.
А како се најде во приказнава со женска трудна со друг? Нел озбилна ви беше врската? Ај договори се со сам себе.
Јас свртев на феминизам и тоа не на здрав феминизам туку на токсична пропаганда затоа што ти си целата огорчена и трауматизирана затоа што којзнае што ти се случувало во животот или си била сведок на трауматични искусва и сцени. Доколку грешам а најверојатно грешам тогаш си само уште една жртва не некоја невладина што ти го наполнила мозокот со "неоткриени вистини" па кај тргна по мене без никаква причина, тргна и по женските членки кои застанаа на моја страна затоа што ништо шовинистичко и самобендисано не прочитале во моите постови освен ти освестената феминистка - намирисувачка. Тргна нив да им кажуваш колку биле реалнизирани во животот .Тргна со лични напади на мојот пост кој што не се однесуваше на тебе а не те ни цитирав. Ти мене неповикана ми се закачи за да си докажала некаква поента и како што викаш да си истражела и намирисала кој машки член каков бил. Тоа е тешка патологија на анонимен форум да се замараш со мислења на непознати личности и тоа особено што не се ни наменети за тебе. Инаку што толку е заштитен од коментари и напади тој феминизам ? Што е толку сакрално што толку крвнички го штитиш и браниш како да ти е нешто најсвето во животот ?
Ај ти препрочитај ми го првиот пост полека без брзање овој пат и збор по збор. И за момент пробај да ја испразниш свеста со барање машки стапици и скриени и извртени значења во секој збор затоа што доколку се ова ти се дешава потсвесно имам лоши вести за тебе.
Со ред. Болд 1 и 2 - сам си одговори што сум намирисала Ни прв, ни последен не си. Болд 3 - на женски форум да прашаш што е заштитен толку "тој феминизам" Да, најсвето нешто ми е. Да не ми беше, уште ќе требаше татко ми да ме "дава" на нов "стопан". А и уште многу има што да сработи истиот, сè додека со другарчињата ќењате како што ќењате на салмонела форумот. Видиш, имам повеќе хобиња, ова ми е едно од омилените. Добро знаеш што зборувам, и добро знаеш на што мислам. Е ова е веќе лично, за тебе
Трет ден бегате оф топик и некако пак го лепите на оргиналниот проблем. Па од сега ве молам држете се до три (соодветни) теми: Феминизам, Непланирана бременост, Транс и лгбт+ 1 тема и 2 тема. За која тема и да зборате - цитирајте се соодветно. Не тука. Тука ќе бришам после ова мислење. Следно, сакам да ве потсетам на правилата на форумот и особено препораките за однесување/дискутирање да ги прочитате. Spoiler: Препораки: релевантни цитати
Ни двете не ми сте јасни, еве на мои 45 години уште не сфаќам зошто чекате мажите секогаш да преземат прв чекор. Па уште и се влечкате со нив и се прашувате што се случува.... После два месеци такво однесување време е да се праша какви му се намерите и согласно на добиениот одговор или сте во врска или одите секој по свој пат. Мислам што ќе се влечкам со некој што ми дава нејасни сигнали, си прашувам каде води тоа нашето, да знам дали вреди да си го губам времето. Не значи дека не биле заинтересирани или немале храброст за прв чекор, може се само претпазливи, даваат сигнали и чекаат фидбек. Ама кога ќе изостане фидбекот, сигурно нема да настојуваат на нешто повеќе, им одговара таа ситуација. Затоа следен пат, наместо да си ги чукате главите, преземете нешто вие, за врска се потребни двајца, што е интересно ако само едниот има иницијатива? Не знам, сакам да ми објасните која е поентата на вуцарање со некој и чекање да преземе прв чекор ако веќе сами можете да иницирате нешто.
Еве баш заради ова: Како што кажа и самата, за врска се потребни 2ца. Јас сум личност што знае што сака, и немам проблем да го кажам тоа што го сакам или да превземам иницијатива. Но затоа го очекувам истото за возврат. Мене ми треба човек што има храброст и зрелост да застане зад тоа што го сака. Некој што презема иницијатива, што е решителен, што стои зад своите зборови и постапки. Јас сум „all in“ кога станува збор за врска и затоа не сакам да си го трошам времето со некој што е премногу срамежлив или исплашен (леле што ќе кажат другите) за да каже јасно и гласно што сака и да преземе чекор. И токму затоа не се работи дали жената може или треба прва да превземе иницијатива – се работи за тоа каков маж имаш спроти себе.
Од она што го пиша, барем јас така сфатив, не видов дека си презела некоја иницијатива, освен што си се тргнала од него оти си мислела дека си правиш филмови. Наместо да се тргнеш, си можела јасно и гласно да го прашаш - што сте вие двајца, другари или нешто повеќе? Никаде не прочитав дека си направила нешто, освен дека тој те бара, ти се јавува, ти чува место на предавања, те бара... појасни сигнали од тоа здравје. Може и тој мислел дека си прави филмови, дека не ти се свиѓа оти не си му дала никаков знак дека ти одговара тоа што го прави и дека сакаш да имате нешто повеќе. Не знам што требало да направи за да сфатиш што сака, можеби да те грабне за коса и да те одвлечка во дувлото? Јбг, не живееме во пештерско време, денес мажите се поинакви. Може не се сите решителни и храбри, ама некогаш треба да му дадеш поттик. Оти ако е премногу нападен не ви одговара, ако е премногу повлечен пак не ви одговара, ако презема прв чекор со резерва, пак не одговара...
Јас превземав иницијатива. Тоа што си го прочитала не го содржи секој детал. Беше само напишано како пример за членката што се прашуваше зошто некој што мислела дека ја сака наеднаш го снемало. Јас направив и повеќе од што требаше од моја страна, му кажав како се чувствувам и за возврат добив „не е до тебе - до мене е“. На типот му сметало што сум 2 месеци постара. Што повеќе јас да направам? Да не требаше јас да земам и да го влечкам? Ако му е поважен народот нека си живее за народот. Мене таков не ми треба.
Поминувам низ некоја кризна фаза во врската. Буквално се држиме на едно конче. Не сум спремна да го изгубам. Премногу имаме поминато заедно, премногу ми има помогнато. И обратно. Се сакаме, љубовта не е во прашање. Едноставно е некој прелош период. Немаме време кога да се видиме. Гледањето од секој ден или секој втор се сведе на еднаш неделно. На работа сме константно двајцата. Јас секој ден на работа до 4, он од 4. Викенди одам на уште една работа, он прва, ја втора смена. Самиот ми вика дека не е среќен, ама не е до мене. Си има он некои демони со кои се бори сам со себе. Истава прича беше пред да одиме на одмор, од А до Ш. Отидовме на одмор 2 недели, бајка. Се вративме, како на копче се се смени одеднаш од кога почнавме на работа. Почна многу повеќе да искача со тој другар му што се качува на се што мрда пошто е тазе раскинат. Почна да биде многу сумљиво да ми се понаша. Сакам да верувам дека нема ништо и све ми во главата, ама од што сум под толкав стрес и од работа и од дома и ова со него на све и свашта мислам. Знаеме дека проблемот е тоа што не се гледаме и немаме време за нас. Спремна сум да дадам отказ од втората работа бидејќи секако не зависам од неа, тоа ми е само плус. Спремна сум да се жртвувам ако тоа значи дека ќе се оправат работите. Некој да ми даде совет од тие што се во подолги врски за како се справувате со кризни периоди? Знам дека секоја врска го проаѓа ова. Не ми е прв пат да се соочам со ова. Ама овој пат некако многу ме мава на психа и немам сила да се справам со проблемот.