Tell me Lies(2022) Приказна за двајца млади што се вљубуваат но и двајцата имаа трауми од детството па интересно е да се гледа колку човек може да излаже само да стигне до тоа што сака. Психологија, Романтика , Трилер . Emily in Paris (2020) Едвај чекам втор дел од 4та сезона. Животот на една Американка во Париз.
Sweetpea https://www.imdb.com/title/tt11218290/ Тукушто излезена, случајно наидов на серијава и ја загледав. Само 6 епизоди, секоја трае по околу 45 минути. На апликацијава кај што си бележам гледани-негледани епизоди ми пишува дека не се излезени сите епизоди, но веќе ги има за симнување по сајтовиве за торенти. Не знам зошто вака, ама ете, спомнувам онака информативно зашто баш се збунив вчера со датумиве. Се работи за Ријанон, повлечена и тивка девојка, до толку неприметна, што се чини ко да не постои. Некогаш ова ѝ годи, но во себе има мал милион фрустрации спрема шефот на работа, колегите, чудната сестра која речиси никогаш не ѝ крева на телефон...па сè до антипатичната касиерка во дуќанот кај што пазари. По низа случувања, нешто во неа се крши и Ријанон убива човек. Тотално го масакрира. И тука се соочува со една нова страна од себе си, нешто што тотално немала поим дека е способна да го прави и притоа умешно да го прикрива. Концептот не е ништо ново - кога срамежливото, повлечено девојче ќе откачи. Но баш се навлеков на серијава, брзо се гледа. Срам ми е да употребам зборови ко „пријатна за гледање“ - овде нема ништо пријатно, ама жанров отсекогаш ми бил меѓу омилените па не ме ни чуди што ми тргна. Има многу коментари по нет дека конечно се појавила серија со женската верзија на Џо Голдберг од You. Јас и не би се согласила баш, ја гледам паралелата, ама некако што знам. Малку посимпатична ми е Sweetpea, можеби затоа што е тазе. A можеби треба да ѝ дадеме уште некоја сезона, па и нејзе да ја утепаат во поим. И веројатно ќе има, затоа што приказнава е адаптирана од серијал книги. Препорака ако ви се гледа нешто кратко и брзо, со ваква тематика.
Disclaimer (2024) Кејт Бланшет игра успешна жена, која ја стигнуваат тајните од минатото. Поточно, настаните од еден одмор во Италија од пред 20 години, испливуваат на површина. Серијата е одлично смислена, држи внимание, а има и неколку изненадувања. Глумата е врвна и иако ја сакам Кејт, Кевин Клајн "ја носи" серијава. Маестрален. 9/10
Уууу ја обожавам актеркава, дефинитивно ќе ја гледам, и така сега ќе одат на пауза сите тековни серии.
The Mothers of Penguins (2024) Полска серија за мајка, успешна спортистка и нејзиниот син кој покажува знаци на аутизам. Само 2 епизоди имам изгледано досега, ама веќе можам да ја препорачам. Серијата е истовремено тажна, топла и малку комична. Ја има на Нетфликс.
Designated Survivor. 10/10 по мене. Станува човек кој станува претседател на САД под чудни околности, не со гласање. 3 сезони има на Нетфликс, мака мачи на почеток да стави ред, и пробува да дознае кој го убил претходниот претседател.
The Chosen (2019-) https://m.imdb.com/title/tt5622316/ Серијата за животот и делото на Исус Христос и неговите следбеници од тоа време. Што и да пишам додатно е малку, серијава е нешто неописливо. Досега се излезени 4 сезони, во април излегува петтата. Може да се гледа на нивниот официјален сајт, бесплатно, со преводи од преку 50 јазици. 1000/10 Спојлер Не знам дали има епизода на која немам плачено
From - Почна мн често да ми излегува и решив да видам шо серија е. Феноменална. За сега. Уште сум прва сезона, хорор и мистерија. Ко зачаран круг, кој кај и да тргне ако поминува низ едно село тука останува и се борат да преживеат со натприродни сили, чудовишта или канабили тоа секој си ствара слика што се створовите. Не сакам да детализитам да неизгуби сјај целата приказна.
Догледај ја, одлична е. Ги изгледав сите три сезони, ќе има и четврта. Друго што гледав е Деца зла по препорака на некој од темава. Добра трилер серија, фино скоцкана во десетина епизоди. Ми држеше внимание константно. Млад адвокат зема случај за убиство на еден политичар и го брани осомничениот. Снимана е врз основа на романот на Миодраг Мајиќ. Ја има на HBO.
https://www.imdb.com/title/tt17677860/ Јавна обвинителка е убиена и пронајдена во поза на истиот начин како жртва во случај што таа го водела. Интересен е со неочекуван крај.
Дејството во серијата се случува во едно мало градче. Тие што ќе влезат во градот, не можат да излезат од него. Во градот владее голема мистерија. Штом ќе се стемни, надвор искачаат чудовишта и ги убиваат луѓето, но луѓето за да се заштитат, во куќите имаат амајлии, кои ги спречува чудовиштата да влезат, освен ако тие самите ги повикаат да влезат внатре. Во градот се случуваат мистериозни работи и никој не знае како дошол во градот и како да излезе од него. Одлична серија, со истиот глумец од серијата Лост (црнецот) и истите режисери од таа серија. Скоро заврши третата сезона и мноху мистерии остануваат недорешени. 4тата сезона ќе се прикажува во 2026 година, а ова лето ќе започнат снимањата за 4тата сезона. Ја препорачувам.
Предобра. Уште три епизоди ми останаа од трета сезона и се прашувам дали се зезнав пто не ја чекав и четвртата па се одеднаш да изгледам. Виктор ептен го засакав.
From серијата и мене ми се допадна, ама многу ме нервира шо на нетфликс стои уште првата сезона. Заникаде станаа нетфликс.
Мотивирана од @BlackAndWhiteSwan после две години пауза излегвам од "пензија". Наречете го ова љубовно писмо кон членката. Пошто првите години можам да ги клам со линк, скролнав до 2022 на ТВ Тајм за да продолжам само со нови серии + нови сезони (и оценката е за од дадената сезона па заклучно со последната, ама не за претходните сезони). Ова го кажвам пошто има стварно легендарни серии кои се спомнати 2019-2021 шо нема да бидат спомнати 2022-2024. Исто вклучив и the good, the bad and the ugly пошто сите сме различни и различни работи ни се бендисват. 2019 - линк дел 1 и линк дел 2 2020 - линк 2021 - линк дел 1, линк дел 2 и линк резиме 2022 - 2023 - Листа на гледани серии 2022-2024 Спојлер Raising Dion s2 - серијава ја памтам како a good watch ама притоа скроз не ми остај некој траен впечаток. Иако е 2022 и можи логично е да не памтам детали за серии шо ги имам гледано, ко ги читав листите 2019-2022 серии шо ме воодушевиле сум ги памтела до детал. Така да мислам дека ако 2022 ја пишев листава ќе била солидна 8ца, сега ќе добие рејтинг 5. Едноставно не „преживеа“ in the long run. Е сега уште ги памтам пријателствата и има добра репрезентација. Ко за брза бинџ серија би рекла е доста добра + го има Michael B. Jordan и искрено за мене то само од себе треба да почнува со рејтингот 10, па после да додаваме за приказна, ликови, глума и други работи се со ред. Ќе заокружам како серија со потенцијал. Мислам дека ако имаше поќе да се види од неа ќе гледав. 5/10 Disenchantment s2&3 - ми е една од поомилените хаотични серии и иако сезона 2 и 3 не „удрија“ исто како сезона 1, би прегледала пак цела серија од почеток и би се смеела на тој преглуп хумор шо го има, а во кој јас уживам. The princess, the devil and the elf. Праена е од Matt Groening шо има праено Симпсонс и Футурама. Во овај момент кога ја гледав оваа серија, немав гледано Симпсонс, покасно бинџд, и мислам дека ако ви се допаѓа Симпсонс само во свет на фантазија (и едно време стимпанк) тогаш е точната серија со која можи да тепате време. 8.5/10 Snowpiercer s3&4 - јас не знаев дека има и филм, sue me. Ама серијава за мене, ете како некоја незапознаена со филмот и со сите уствари easter eggs кои ги имало и сите суптилни знаци - од почеток до апсолутен крај остана приказна која е многу well crafted, која ја памтам еве 2 години покасно многу детално и многу „свежо“ и е серија шо евентуално сакам да ја прегледам. Од неодамна почнав да прегледвам серии, генерално не сум фан на то. Ама ако некоја серија го добие „might rewatch“ тогаш е стварно добра. 10/10 Euphoria s2 - имам многу измешани чувства околу Еуфорија од сегашен аспект. Многу добро обработена е во поглед на зависност, многу е драматизирана во поглед тин живот и меѓучовечки односи ама мислам дека то беше и целта? Од една страна сум за комотност во голотија на телевизија, од друга страна се „фаќам“ како поќе барам приказна и голотијата да е поќе како „cherry on top“, а не главна „состојка“. Исто како Raising Dion, не се осеќам како да го „преживеа“ текот на времето, за мене. 6/10 South Park s25&26 - иако не секоја сезона ми удира исто, South Park е некоја „основа“ во моето гледање шо секогаш прај смисла и мислам секогаш ќе биди солидна 10ка дури и кога не е. 10/10 A Discovery of Witches s3 - грл, почна многу јако, беше интересна фантази серија и после некако се осеќам како да флопна. До толку шо јас трета сезона не ја памтам. Првите две сезони ги памтам (втора малку помалку). Ама трета ич. Е сега ако ве интересира приказна за вештерки и вампири и чудна романса, можи ова сепак да е нешто шо би ве интересирало. Не испадна my cup of tea. 1/10 The Resident s5 - има и сезона 6 ама едноставно не ја гледав и ја преќинав. Ко имаме драми и сит комс кои едноставно прат смисла колку и да се повторват. Мојот проблем со медицински драми, колку и да ми се допаѓале на почеток (чист пример е оваа серија, почнува како апсолутен banger и дефинитивно серија која би ја оценила со 8+) е шо толку станват репетитивни, а воедно немаат допир со то шо биле на почеток и е некој парадокс кој не можам да го разберам и евентуално ме трга од серијата и ја оставам. 5/10 New Amsterdam - -II- 5/10 The Good Doctor s5/преќин - -II- 5/10 Star Trek: Discovery s4&5 - апсолутен banger од почеток до крај. Имаше моменти кај беше досаден, ама само шо прочитав насловот на серијата и одма ми се врати се шо сум мислела и осеќала за оваа серија. Дали секоја прај смисла? Не. Ретко која серија е толку совршена. Ама покрај сите недостатоци ова е sci-fi „блиску до совршенство“. Инстантно мислам „mycelial network“, шо нели е централно и важно за поставување на целиот универзум, не само на серијата. Ама толку е добро обработено шо инстантно серијата се асоцира со ова. Ликојте се предобро обработени од почеток до крај. Актерите глумат како животот да им зависи од тоа. 9/10 Shadow and Bone - ја почнав само ради Ben Barnes. Ама ни мојата љубов кон неговиот лик не додржа да ја догледам. Од друга страна, константно ми ја фалат луѓе и се осеќам како да треба да ѝ дам уште една шанса чисто да видам дали можи тогаш бев презаситена и зато е 1/10 *периодов влегов во презаситеност од серии и не гледав многу и многу преќинав зато и „пензионирањето“ од листиве Superman and Lois s2/преќин - искрено ја памтам како серија со „силна“ прва сезона. Е сега мислам дека има лош тајминг како серија и излезе DC суперхерои во време кога CW беше презаситен со DC суперхерои. Лично бев презаситена ама ја памтам како фина серија и серија шо ете би ја продолжила и си ја ставам во листата на 2025 со „приоритет“. Оценката е чисто зошто сум се презаситила, иако не е лично до серијата. Едноставно има периоди кога се „штампаат“ одреден тип серии и ако ги гледаш само тие или доминантно такви едноставно евентуално и да не е лоша серијата, се прелива од чашата. 6/10 Gossip Girl (2021) s1/преќин - за разлика од серии шо мислам дека ради презаситување сум ги преќинала, ова серија многу добро знам зошто ја преќинав. Како голем фан на Госип Грл (ориџинл) искрено не ни очекував оваа да биди добра. Ама мојот проблем е шо давам шанси на рибутс. И така после гледам серии и ролам очи пред екран. Ова серија е таква. 1/10 Back to 15 s1/преќин - е серија шо можеше да биди филм, односно серија шо веќе беше филм - 17 Again со Зек Ефрон. Да беше филм, искрено ќе добиеше висока оценка пошто на крај на ден I'm just a girl и некогаш сакам да избегам во 2 сати фантазија за како реалноста ми е моментално шит, станвам и сум на прв ден од средно, и хаотично пробвам да си го решам животот и да сменам нешто. Приказната не е лоша. Ама не е серија шо сакам да ја гледам, со истата основа, наново и наново. 5/10 The Guardians of Justice - ???? преќината е после една сезона, седум епизоди и мислам дека се шо имам да кажам е „?????“ е доволно јасно зошто е преќината. 1/10 DC's Legends of Tomorrow s7 - најважно нешто шо можам да кажам за ова серија е, мило ми е дека не ја преќинав после сезона 1. Пошто тогаш ми беше „уште една серија со суперхерои“ кои излегуваа во тој период. Ги знаев суперхероите. Ги сакав. Јас сум DC fangirl. Ама шо е многу многу е. Исто има аспект на патување низ време. И беше „сериозна“ серија. И флопна. Зато после сезона 2 толку несериозно се земаат себеси па се до седма сезона, која е и последна - шо станва superhero masterpiece. Ова ми е една од омилените серии со суперхерои, постојано се менват одредени ликој, само неколку се OGs, и е многу динамична, несериозна, бордерлајн комедија. 10+/10 Batwoman s3 - 2022 е падот на суперхерој сериите, ама за оваа серија ми е жал дека пропадна. Мислам дека беше добра. Ја изгледав до крај. Ама мислам дека пропадна ради 2 фактори: 1) сменаа главен актер после сезона 1, и 2) почна да излегува кога маркетот беше веќе презаситен со вакви серии. Ама воглавно е многу добра серија, плус опфаќа и queer главен лик шо иако има и во други серии ( Sara/DC's Legends of Tomorrow), сепак беше освежување. 7/10 The Blacklist s9/преќин - ова е серија од која мислам дека се презаситив. Не како серии од генерално туку од неа конкретно. Јас колку и да сакам нешто, сакам да има крај. И колку подолго трај нешто мислам дека губи поента. Почнува како literal masterpiece. Крими серија, каде крими мастермајнд има листа на други крими мастермајндс и ги експоузнува. Па прашања за негов идентитет, па за главниот детектив итн, итн, итн. Ама толку се одолговлечи шо изгубив интерес. И сакам да изгледам последната сезона, 10та, ама искрено се осеќам за 22 епизоди од „истото“, ко да ми треба ментално да се спремам. Ама и покрај тоа, стварно доста фина серија. И покрај се пак ми е рангирана високо. 8/10 Killing Eve s4 - кога велам дека I'm all for the girlies and the gays ова серија можи да го потврди то. Почнува многу јасно, има малку флоп период ама на крај на ден останва како доста добра и завршва на добра нота. 8/10 Peaky Blinders s6 - е уште една серија шо мислам дека имаше a good run и заврши на добра нота. Многу поштовам серија шо знај кога да заврши. 8/10 The Goldbergs s9&10 - од сите серии мислам дека го има најрепетитивниот формат. Секоја епизода се учи истата поука и скоро и да нема character development. Ама па зато и секоја епизода/сезона да ја гледаш посебно - прај смисла. Така да лабаво гледање е 10/10 и доста драматична и смешна. Иако како ете финална оценка за последните две сезони ќе биди 7/10 Vikings: Valhalla - интересна серија, дали е историски точна искрено не знам пошто историја би рекла сум за ќец ученик. Имињата ми се познати од други вајкинг серии, па ваљда има нешто историско. 6/10 Inventing Anna - ми е една од поомилените серии шо ги имам гледано базирани на реални настани, па годинава ко ја видов Anna Delvey на Dancing With The Stars посакав пак да ја гледам серијата. Дали мислам дека треба да прајме криминалци познати? Не. Дали е стварно добра серија и глумењето на Julia Garner е феноменално? Да. 10+/10 Преспав с6 - не ми е ова преќината серија, едноставно ја гледам кога имам можност (да ми се исплати да претплатам месец на Глеј за да ја изгледам серијава + уште нешто). Ама од наши работи кои имаме изваено ми останва за едно од омилените работи кои ги имаме. И сакам да имаме поќе како серијава. Сите знајте за шо се работи и кои се ликојте. Ако немате гледано едноставно преиспитајте се. 10/10 Dynasty s5 - the drama, серија шо секогаш оди over the top и не се зема сериозно. Јас уствари сакам серии кои не се земаат сериозно и кои евентуално стануваат пародии на самите себе. Ова е та серија. Драматични богати луѓе ако сакате да гледате 8/10 Спојлер Orphan Black - е серија шо ја проголтав. П р о г о л т а в. Одма. И неодамна ја гледав пак. Многу ретко прегледвам серии особено ако сум гледала толку скорешно. Има sci-fi аспект, не дека е „во вселена“ туку фокус на клонови, заговори, бркање, генетика. А-у. Глумењето на Tatiana Maslany и нејзиниот range не можи да се споредат со кој било друг актер во било која друга серија шо сум ја спомнала на листава. 100/10 Human Resources - ако имате гледано Big Mouth - ова серија ќе ви биди интересна. Ист принцип, има поклоп на некои личности. Интересна е. Лабава е. Не е толку посебна како шо е Big Mouth, ни блиску, ама за лабаво гледање и кринџ комедија 7/10 Bridgeton s2-4 - дали воопшто треба да пишам предлог за серијава? Се осеќам како да е меѓу омилените и најзбораните на форумов. Си знајте, романса, секоја сезона башка пар. Иако би рекла дека последнава сезона (4) беше доста underwhelming и како да не ги чекира сите коцки кои првите три сезони ги чекираа со леснотија. Некако многу хаотично ми е со сите останати ликови, шо не било претходно иако се екслорирале. А, најмалку имаше фокус на главниот пар. Би рекла поќе уживав во промоцијата, него во сезоната. 9/10 Outlander s6&7 - и ова ми е една меѓу омилените серии. Одличено вклопена фантазија и историја. Ликојте се феноменални од почеток, па и сега. Има некаков природен прогрес серијата. Цело време обработва важни теми. Знај да се забавува кога треба и знај да е сериозна кога треба. Ретко толку добра серија. 10/10 Young Justice s4 - искрено предолго време немав помислено на серијава се дур не ја прочитав во листата. Беше интересна, тогаш за тогаш. Вака после време не осеќам некоја особена врска со неа, ама е анимирана, за суперхерои. Ликовите не се памтам зошто се веќе познати од стрипови и други адаптации, туку се така обработени шо се памтат ради начинот на кој ова серија конкретно ги обработи. 10/10 Moon Knight - за серијава зедов Дизни+ прв пат и не се разочарав. Многу интересна, многу хаотично организирана. Пак, базирана е на стрип. Е сега има периодов и други серии базирани на стрип шо излегват ама не се масивен флоп, и тука мислам дека влијае начинот на кој се обработени. Помалку како суперхерој серија, поќе како регуларна приказна и ликот едноставно има одредена супермоќ. 10/10 Riverdale s6&7 - мислам дека оваа серија е мојот hear me out. Исто како шо пишав за DC's Legends of Tomorrow серијата почнува многу сериозно. Се зема себеси сериозно. За пола од луѓето кои ја гледаа тоа функционираше, за другата половина (каде јас сум) ова не функционираше и планирав да ја преќинам. И со тек на време серијата станва толку unserious и толку unhinged шо ... gurl. Се сеќавам на teleparty групно сме гледале цело друштво со live коментари од нас од страна. Особено зошто ова е за последните две сезони ... мислам дека последните две сезони го достигна врвот на несериозноста. И заврши. Иако генерално ова серија севкупно не е поќе од 7, последните две сезони се толку unserious шо е чиста 10ка. Едноставно после 1-2 сезони сфатете ја како несфатена комедија и ќе видите то шо гледам во серијата. 10/10 9-1-1 s5/преќин - нешто како шо пишав за медицинските драми, некако истото го доживеав и со оваа серија. Ми стана ем репетитивна, ем многу ми се оддалечи од то шо беше. Сега ја гледа мајка ми и понекогаш ми кажва шо има во наредните сезони. Работата со вакви серии е, шо некогаш пак би ја продолжила. 5/10 Better Call Saul s6 - оваа серија ја почнав само зошто ја гледав Breaking Bad. И многу ми е мило дека ја гледав Breaking Bad зошто ако не ја почнев Better Call Saul немаше да видам ваков квалитет. Неколку нивоа над Breaking Bad ми е. 100/10 Russian Doll - мислам дека влегов во годината кај шо се изнагледав само bangers оти ова е уште еден. Серијава ја памтам сцена за сцена. Толку ми е уба. Мислам дека сега ако ја пуштам можам паралелно со ликовите да зборам. Башка Natasha Lyonne е страшно шармантна. 100/10 Derry Girls s3 - ми седи за една од омилените комедии кои ги имам гледано, сезона три, како и првите две, е константно прејака. Дали е до акцентот, дали е то дека дејствата се во католичко училиште, а нашите главни ликови се неперфектни - не знам. Ама се шо знам е дека е од ретките комедии шо можат до солзи да ме донесат од смеење. 10/10 iCarly (2021) - да речиме дека I'm just a girl и гледам работи ради носталгија. Ама некогаш, некои работи треба да останат во минатото. 2/10 That 90s Show - исто, носталгија ама за многу нијанси подобра од iCarly ама не доволно добра 4/10 Stranger Things s4&5 - многу ми се допаѓа динамиката која ја имаат ликовите од самиот почеток и во која ситуација ида се наоѓаат, приказната и динамиката е таа. Пак е интересно и динамично, воедно не е далеку од то шо беа претходните сезони. 10/10 The Umbrella Academy s3&4 - е баш пример за суперхерој серија шо е „лабава“ и зато функционира, во пазар кој е презаситен од такви серии. Исто како и за стрејнџр тингс, ликовите од самиот почеток се тие, динамична серија, слој комедија, интересна акција, ликојте имаат многу хемија меѓусебе. 10+/10 Ozark s4 - од многу луѓе серијава ми е опишана како „совршена“. Јас не го гледам то. Ама е доволно добра шо ја гледав сезона за сезона и имаше солиден рејтинг. Не би рекла совршена. Далеку од совршена. Ама доста добра. И конзистентна сите четири сезони. 7/10 Heartstopper - серијава е базирана на стрип, LGBTQ+ friendly. Стрипот го читав од пред да ја излези и да ја гледам серијава. И уште го читам. Сакам да си купам колекцијата шо моментално можи да се најди по книжари кај нас. Ова е едно од најдобрите серии шо ги имам гледано, а кои се однесуваат за квир ликови. Не можам да опишам со каква анксиозност го почнав стрипот и очекував постојано нешто лошо да се случи, ама уствари е толку heartwarming и толку healing. 1000/10 Uncoupled - мислам дека дадов на серијава шанса само ради Neil Patrick Harris. Се работи за живот на сингл, геј маж во негови 40ти години, кој до тој момент бил во долга и посветена врска и шо се вели „заборај да флертова“. Е сега интересен plot би рекла, ама ова е од тие серии кои мислам дека подобро би функционирале како филм. 4/10 God's Favorite Idiot - ???? не памтам дали е преќината или едноставно заврши, во секој случај памтам дека еднаш ја почнав и преќинав, еве сум дала шанса и денес кога гледам дека е на листата се шо мислам е: „????“ 1/10 The Boys s3&4 - so unserious, и не знам дали некој го очекува ова серијата почнува скроз unserious and unhinged и продолжва така and I'm there for it. Мислам дека ко ќе серија се постави така, не можи да згреши, особено за приказната шо ја има. Ама кој неќи да види суперхерои кои се малку ... не баш хероести? 10/10 She-Hulk: Attorney at Law - имаше многу критики, и во мои очи тоа беа само мизогини солзи. Не, воспоставен лик во стрипови со гоооооодини веќе не е „ugh оти сите суперхерои се прат жени“ и да, си мизогин копиљ ако ти смета she hulk само зошто е зелена, мускулеста жена. A proper muscle mommy. И мислам дека е серија со огромен потенцијал, многу хумор, интересни ликови како guest stars. И буквално мислам дека овие посветениве мизогини „фанови“ на стрипови (фанови my ass) ги уништија рејтинзите. Накратко многу драма имаше кога излегуваше серијава и мислам дека зато е преќината. За мене секогаш 10/10 I am Groot - без дополнителен коментар 10/10 Ms. Marvel - многу сакам да гледам coming of age суперхерои и како се снаоѓаат со рана манифестација на супермоќи. Особено е интересно кога се одвива дејството во свет во кој веќе има суперхерои и нели ликот е дете кој е фан на суперхерои и оди на настани поврзани со то. Хаотично, динамично, интересно. 8/10 Cobra Kai s5&6 - мислам дека е многу „поетски“ шо секоја сезона работите се повторуваат, ама во исто време се осеќам како последните две сезони да се репетититвни, особено 6тата. Мене уште ми значи за серија со севкупна оценка 10/10 ама некако последните две сезони не му давам на оваа серија инстантен приоритет за гледање како шо имаше порано. 9/10 House of the Dragon - дур пишам има две сезони веќе и јас имам два сета чувства за оваа серија. Сезона 1 за мене е блиску до masterpiece. Од актери, до сценографија, до приказна. Едноставно ја обожавам сезона 1. Шо напрај да сум превозбудена за сезона 2 и се шо имам да кажам за сезона 2 е - мех. Пак за мене има целокупна висока оценка и се надевам дека потака ќе се врати на то шо беше. 8/10 Wednesday - е само уште еден banger од серија. Сакам било каква адаптација на Adams Family. И мислам дека ова е меѓу подобрите иако би рекла дека си имам свои забелешки ( некако никогаш не кликна за мене односот на Венсдеј со мајка ѝ ?????? во ни една адаптација немат толку комплициран однос). Во секој случај Џена Ортега е џвер актерка и сум среќна кога ја гледам во било шо. 10+/10 Inside Job - не е најдобрата серија ама е многу забавна и криво ми е дека трај само една сезона. Скроз би сакала лабавко еднаш неделно бар да имам епизода да покринџам и да се посмеам. Анимирана е, има смешни заговори. Солидна 6/10 Big Mouth s6&7 - иако почетокот е многу поинтересен на ова серија, останва конзистентно добра и понатаму. На најсмешен начин ги обработва пубертетските промени. 9/10 The Crown s5&6 - многу луѓе беа разочарани дека преќинват серијата кога се стига нели до скорешно време со настаните. Ама искрено, логично? Фина серија, доволно драматична. Ликовите ептен личат и во маневризми и физички ги прат да личат како луѓето кои ги глумат. Костимографијата е феноменална. 9/10 Emily In Paris s3&4 - мислам дека серијава исто како Riverdale - ми станва a hear me out. Не е нешто особено добра ама guuuurl, I'm here for the drama. Иако драмата е истата ко секоја сезона само со еден слој продлабочена. Едино би рекла заклучно со последната сезона Габриел ми стана најнеомилен лик. Некако ми стана неконзистентен и мотивациите не ми прат смисла. 8/10 The Office s2-до крај - океј ... вистина било ко ми велеа „ако ја преживејш сезона 1 ќе ти се допадни“. Пробвав и не можев. Пробвав и не можев. И после стигнав сезона два и ја п р о г о л т а в до крај. Серииште. Толку dry хумор, толку суптилен, толку смешен. Не фанихаха на глас смешен, туку мим смешен. 10/10 Modern Family - ми излегваше на YT shorts и бев ко „ја има Софија Вергара, ја сакам Софија Вергара, и да е лоша серија ќе ја изгледа“. И не само шо не е лоша серија, ми влегва во едни од најдобрите сит комс кои ги имам гледано. Хуморот му е unmatched со било која друга серија. Серија, шо мислам уште 100 сезони да изваеја, јас ќе ги изгледав. Утре ако решат да имат reunion - јас ќе бидам главната публика 100/10 House MD - не ми е догледана, онака лабавно гледам некоја епизода, па не гледам некој период. Пререпетитивна ми е за бинџање, ама некогаш ми треба малку да ми одмори мозокот и та е медицинската драма шо ја одбрав за то. Blame it on daddy issues ако веќе треба, за зошто баш со оваа медицинска драма продолжив во животот. 7/10 The Last of Us - дали знаев дека е базирано на игра? Да. Дали гледав оти глуми Педро Паскал? Исто така да. И покрај се, ова е серииште. И приказна, и визуелно, и глумење. 10+/10 Ginny and Georgia - е серија шо исто така ја гледав на YT reels прво пред да решам да ѝ дам шанса. Интересна е, иако мислам дека поќе функционира во рилс, онака непотребните моменти ги нема таму. Сепак солидна драма. 7/10 Black Mirror s6 - мислам дека дури и секоја сезона генерално шо ја пишам како чиста 10ка не е релевантно оти ова е серија шо треба да има рејтинг епизода за епизода. 10/10 The Simpsons - иако од пола навака сезоните ми се градуирано подосадни и подосадни, морам да признаам дека за то колку сезони има, и колку интерес има, стварно е добра во то шо го прај. 7/10 The Witcher s3 - знам дека многу се жалат за приказната, особено дека не е иста како source материјалот. Јас пред се гледам for the plot (Henry, воедно зато не ја продолжвам после трета сезона), ама и приказната ми е уба бе. Јас сум уствари проблемот во тој fandom. 8/10 Young Sheldon - искрено тука влегов со предрасуди. Мислев дека нема да ме бендиса и дека е како поќето спин офс од поголеми и популарни серии. И а-у колку сум се прелажала. Ова е исто една од поомилените серии кои ги имам гледано. Последната сезона зошто не можев да ја гледам навреме ми се спојлна на рилс и ја преплакав. Уште не можам да прежалам дека така ми се спојлна. 10/10 Sex Educations s4 - ми остана доследна на себе до крај и за то шо беше, и сум многу среќна дека не траеше до недоглед за да се испусти. 10/10 Crashing - е онаа серија шо ја гледаш и после ја забораваш. Интересна во моментот за тепање време, ама ништо подлабоко од то. Комедија. 4/10 Loki s2 - исто како и сезона 1, за мене ова е серииште и изработено до максимум, шо дури ја поставува основата за новата Марвел фаза. Мислам дека нема смисла да се гледа новата фаза ако ја немаш гледано серијава. 10+/10 Спојлер Unbreakable Kimmy Schmidt - ова беше серија шо не очекував дека ќе ме бендиса едноставно интересно ми звучеше насловот. Ептен е интересна комедија, хаотична, ликовите многу лесно се памтат и се генерално ептен добри. 8/10 Schitt's Creek s6 - е серија шо сметам дека е една од најсмешните комедии шо ги имам гледано. И уште гледам рандом видеа и ги користам ликовите, особено Алексис, како reaction gifs. 10+/10 Kim's Convenience s5 - ко да се сеќавам дека серијава да ја бинџнав, ама испаѓа дека една сезона сум гледала засебно, искрено јас ја памтам во целина. Цело време е иста, цело време е многу питома, благо хумористична, лабава. 6/10 3rd Rock from the Sun - значи сега о м г. Ова беше предлог шо сум многу среќна дека го добив. Ситком е, првите епизоди не бев ни родена. Знам на тој кој ми предложи му пишев „еј ова епизода веќе цицалче бев“. Ама серијава е ф е н о м е н а л н а. Уште ја зборам. Месеци покасно. Накратко се работи за вонземјани на мисија шо идат на Земјата. Земаат човечка форма и глумат семејство. Е сега не знам дали ова била идејата на креаторот, ама мене скроз neurospicy вајбс ми даваа ликовите и ги гледав поќе низ призма на неуродивергентност, него како вонземјани. Вонземјани за мене беше една голема метафора. 10+/10 Six Feet Under - не знам дали се води како комедија, ама за мене беше. Исто ја изгледав во минимално време, без паузи зошто е нешто феноменално. Комедијата е темна, скроз on point, ликовите се многу интересни, различни и односите меѓу нив доволно драматични. И има многу хемија меѓу ликовите шо прај проблемите да се ептен природни. 10/10 The Perfect Couple - искрено ми беше забавна за гледање, онака мистерија, малку scattered начин на раскажвање на приказна ама функционираше. Фактот дека од прва не погодив кој е убиецот прај да ми е нешто интересно. Ако од старт можам да претпоставам како ќе заврши едноставно се фиксирам на то. 6.5/10 Baby Raindeer - мислам дека главна грешка напрајв со серијата шо ја гледав од кога спласна. Од кога поминаа сите интервјуа, кога поминаа сите дискусии. Пошто јас ги изгледав сите интервјуа. Ги изгледав сите дискусии. Ги изгледав сите анализи. И си викам „е ок ај да ја пуштам“. И покрај то шо знаев скоро сцена за сцена шо ќе се случи, пак успеа да ми задржи внимание и то е за восхит. 7/10 Agatha All Along - е исто така од оние ретки спин офс кои функционираат (spin off на WandaVision). Многу добро обработена приказна (И ЈА ГЛЕДАВ ДВА ПАТИ ЕДНО ЗА ДРУГО). Ликовите совршено функционираат заедно, приказната е многу детална и добро обработена и постојано има суптилни знаци за шо точно се случва иако не е кажано. Многу од тие знаци на прво гледање пропуштив. 100/10 Kaos - мислам дека не е серија за секој. Мислам поќето ко ќе речиме Зевс нема да го замислиле Џеф Голдблум. Е сега Џеф е една од вкупно две од моите мозочни клетки. Така да од една страна логично ми е да ми се допадни. Од друга страна, и друг да беше Зевс (ама во градба и со енергија како Џеф) - пак ќе ми се допаднеше серијата. Едноставно прај смисла зошто е таква каква шо е. И да, хаос е. 8.5/10 Queen Charlotte: A Bridgeton Story - многу сакам вакви приказни, шо се спин офс на нешто популарно ама се кратки, концизни и ја дополнуваат приказната на многу убав начин. Вакви погледи кон минатото би сакала за многу ликови, или погледи на животот после нивната сезона (пример Кејт и Антони во Индија). 10/10 From - и тука сте ја спомнале, си има и своја тема (сосем заслужено). Ова за мене е една од најдобрите серии кои ги почнав годинава и мило ми е дека е годинава оти ми е како светла точка. И не можам да дочекам да заврши. Е сега има теории дека ќе е „без крај“. Јас се надевам дека ќе заврши за сезона-две на позитивна нота. Неќам да се уништи. 10/10 Slasher - секоја сезона е башка приказна, и најважно, ова е од ретките серии кои како шо оди сезона по сезона ми станва прогресивно подобра (s1&2 3/5; s4&5 4/5). 8/10 Arcane s2 - исто како и првата сезона, absolute masterpiece. Секоја епизода прогресивно подобра и подобра. 1000/10 Only Murders In The Building - е серија шо со години ми ја предлагале сите другарки. И јас секоја година им велев „аха, сега“. И сум била екстремно глупа зошто ова серија е еднакво забавна и еднакво мистериозна. Последната сезона дури и сами си напраја callout на одредени дупки во приказната кои ги имаше и скроз сакам такви моменти. 10+/10 The Twilight Zone (1959) - само една сезона имам гледано и ја гледам полека. Епизода на ден. Кратки епизоди се по 20-30 минути, ми даваат многу Black Mirror вајбс. Би рекла, ако бевме 60тите, ова би бил Блек Мирор еквивалентот. Е сега пошто секоја епизода е посебна приказна, едноставно ја прај серијата да не е bingеable. 6.5/10 The Great - можи да се речи дека почнав предлозите за серии да ги земам од Јутуб шортс. Ама беше доста забавна да се гледа. Историска драма која себеси се зема несериозно и од старт кажва дека работите се изваени од контекст и дека можда едино реално и историско се имињата и ништо друго. 8/10 A Man on the Inside - ако ви се гледа пензионер шо инфилтира пензионерски дома за да открие крадец ... ми беше досадно е се шо имам да кажам. 4/10 Seinfeld - интересен ситком, не би рекла дека ми е омилен, ама можам да сфатам зошто сите го кажуваат како доста значаен и најдобар и револуционерен. Видов кои новости за то време ги постави, шо ситкомс непосредно после него ги инкорпорираа. Сајнфилд одеше, за Френдс да можи да трча. 9/10
Последна серија која ја изгледав и со нетрепение очекував да дојде секој нов понедленик FRAGILE. Кратка корејска серија од 8 епизоди. Приказ со живот на кршливите тинејџери. Група на неколку другарки, некои во врска, некои кои сакат да бидат во врска, некои со траумите од последните врски... Лесна приказна, интересни ситуации. Јас би рекла луфтирација на мозокот.
Well, thank you very much That's true, си гледаш малку по малку од серијава, така се ужива Барем јас така си правев и 2,3 пати ја имам изгледано. Инаку Чарли баш има кажано дека Black Mirror e инспирирана од The Twilight Zone. И овие две серии според мене се Masterpiece of their time. За Габриел (Emily in Paris) се согласувам до некаде а и актерот се жалеше од неговиот lack of character development. Сепак ја глеам серијава за relax на мозокот па немам преголеми очекувања. Некако глупо ми беше и за Камил како испаднаа некои работи. I was rooting for her and the Greek woman. Meh.. From е феноменална. И да, многу од предлозиве сум погледнала или сум во тек а многу и не можам да ги изгледам. Well cause the day is only 24 hours. Kudos за тебе како постигнуваш да изгледаш и се вака убаво да скоцкаш на форумов. Мислам дека имаш некоја special power