Генерализирате и мешате црквено учење и библиско учење. Христијанството почнало да се шири од првиот век, а не од 10ти век, од 12те апостоли кои биле убиени заради нивното верување,освен Јован кој умрел како затвореник и околу 70 други ученици на Христос. Најпрво христијаните биле убивани, а тоа што црквата го правела во подоцнежните векови затскривајќи се зад христијанството е исто што го направиле евреите (фарисеите) нивните духовни водачи кои не можеле да си ја остават гордоста и суетата па рекле подоро да загине еден човек отколку цел народ (со други зборови не сакале да си ги загубат фотелјите и удобноста и почитувањето од народот). Црква и вистинско христијанство се две сосема различни работи, за жал.
Би рекол мешање на врковно, библијско и Христово учење. Тоа се 3 различни работи. Црквата е таа што ја кроела Библијата. Библијата е збирка од списи кои даваат делумен увид во божествените објави преку пророците од тоа време, но содржат и митови и легенди, понекогаш затоа што различните автори толку можеле да разберат во дадениот миг, или некои работи така им се чинеле дека се, а делумно содржи и записи од древниот свештенички сталеж кој им ставал во уста на пророците и Бога работи кои тие воопшто не ги кажале. (со ова изобилуваат на пр. Мојсеевите книги кои воопшто не гио запишал пророкот Мојсеј) Се согласувам. Има една германска парола Gott ist Wahrheit - deshalb Kirche nein! = Бог е вистина - затоа Црква не!
Укратко... Повеќе околу ова во понатамошен исто така пообемен пост можда, а може и не, ќе видиме... А оние фрапираните што се сеуште и во 24година од 21век фрапирани нели, и никако не можат да го сфатат ова и во цели 2милениуми подоцна, што може и дете од 5години(недоктронирано) лесно да го разбере, можат слободно да си останат фрапирани нели... Како на пример овие. Спојлер: . https://forum.femina.mk/threads/Обожавање-на-блажената-Марија-Богородица.26411/ https://forum.femina.mk/threads/Дали-Исус-бил-во-брак.29260/ https://forum.femina.mk/threads/Зачнувањето-на-Исус-природно-или-натприродно.28677/ https://forum.femina.mk/threads/Жена-и-црква.24031/ Што ми беше цело време зборот. Е така нели.
Си купив за вакво, за кадење е слично како темјанот,се кршело мало парченце и се кади на брикета. Мирисот ми по познат од црквите, на него пишува ,,миро", а и продавачката ми рече дека е тоа, ама нели мирото е свето масло? Збунета сум, што точно е ова и зошто е. Барав на гугл, ама само за масло ми излегува, вакво миро на интернет не видов...
Ако имате јасна цел и знаење зошто кадите може да ви е битно што е. Ако убаво ви мириса кадете за ароматизирање на воздухот, за дезинфекција од бактерии (тоа го прави темјанот), небитно што е. Никаква магична моќ нема ни темјанот, ни крстот, ни свети води...се се тоа остатоци од многу дамнешни времиња за собирање на пари во црквите од народот. Само искрената молитва има моќ.
Така што што лично мислење, мислам дека имаме поголеми проблеми на хоризонт од Индусите кои пробуваат да ни подметнат демони преку јогата. А повеќе околу ова, ете нова тема за "Њу Ејџ Духовност".
Мене темјанот ми служи за да си ароматизирам воздухот дома, а има и антибактериско дејство...па и убаво ми мириса.
"Која е големата заповед во Законот? Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед;. А втората е како и оваа: Љуби го твојот ближен како себеси! На тие две заповеди се сведува целиот Закон.” Исус (Матеј 22:35-40) Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот од Небото. Не чуди се што ти реков морате наново да се родите! Исус.
Ова е темјан со додадени мириси. Миро на грчки покрај свето масло, означува и смирна, а може да се однесува и на друг мирис. Темјанот претставува благомирисна жртва која Mу ја принесуваме на Бога. Покрај тоа, тој ги символизира и молитвите кои ние верните Му ги принесуваме на Бога. Уште во псалмите светиот пророк и цар Давид пее: „Да се издигне мојата молитва како темјан(кадило, чадот од темјанот - м.з.) пред Тебе, а издигнувањето на моите раце - како жртва вечерна!“