Тогаш @RainBow нека реагира побрзо во Црна хроника. Девојката упорно шири верска омраза , мислам дека поригорозни треба да бидете во тој дел.
Не е дозволена таква опција на форумот, за жал. Си заборавила дека има уште еден начин, а тоа е членот кој спамира да оди на игнор
Да се заклучи темана МЈФ и да не се промовираат повеќе дебилни ликови и овде, кого го интересираат накази нека си пушта естрадни магазини. Толку години хејтање и плукање, барем да придонесевте кон повлекување на такви програми и особи од екраните, ама ништо, скроз контрапродуктивна тема.
Знајш дека нема да ја затворат, оти убав трафик им прави. Што од многу постови, што од референци кога некој гугла позната личност.
Не треба да се затвори МЈФ,туку модераторите треба да им објаснат на некои членки дека блогерките не се јавни фаци и дека има посебни теми во кои можат да коментираат за нив.
Морав да реагирам некако, ништо не е во ред со таа тема. Имам видено на други форуми обиди за слични теми, ама неуспешни, никој не коментира. Овде се плашат какви вредности ќе им попримеле децата од таквите, а секој ден им посветуваат внимание, како таквите да би биле тоа што се ако немаат следачи. Овие никој не ги сака, ама сите хејтери ги следат. Има една фраза што е често вистинита, Ignore them and they'll go away, али кој да сфати.
Има многу луѓе што креираат акаунт за еднократна употреба и после акаунтот си живее уште 100 години по нивното последно најавување, па затоа има толку многу членови на форумов, а прашање дали 50 од нив постојано се активни. Како и да е, ова не е дека нешто многу ми боде очи, само сметам дека не е океј. Она што стварно ми боде очи е фактот дека многупати сум се почувствувала како да не можам слободно и јасно да го изразам својот став и мислење. Читам теми и гледам дека ептен многу членови одма напаѓаат или индиректно вртат на потсмев или провокација. Смешно ми е што форумов баш за тоа треба да биде - да се создава дискусија, споделување на различни ставови и мислења, а во дискусијата е нормално да се наиде на несогласувања, а од друга страна тоа право како да е скратено. Мада, ваквото понашање апсолутно не треба да те кочи, туку баш напротив да ти е предизвик и апсолутно не кажува ништо за тебе/мене. Само го покажува степенот на искомплексираност и простодушност кај личноста. Сеа стигнавме кај неписменоста, која просто ме зачудува почнувајќи од: подршка, сваќам, девојќи, итн, итн. Уште кога ќе видам дека не се остава простор после секоја запирка и точка, па сето тоа напишано така убаво на латиница и нафрлено у една реченица - добивам нагон на плачење. Срамота е. Ама ај. Тоа државава не ни е писмена, не па ние обичните на форумов. Темата „Дали сум бремена“ - значи не сВаќам зошто и како е инволвирана Кока Колата тука. Повторно, со оглед на тоа дека живееме во 21 век. Членки што имале НЕЗАШТИТЕНИ односи и потоа доаѓаат тука и прашуваат дали се бремени, а ние нит сме у нивниот живот, нит знаеме каква била ситуацијата и притоа очекуваат од нас одговор. Барем денес на секој чекор имаш аптеки, наместо да го губиш времето со нас иди купи си тест за бременост, закажи на лекар, итн. Се трудам секогаш да имам разбирање, ете можеби било грешка, не сака никој да дознае од нејзините или па сака да биде анонимна па пишала тука, океј. Сфаќам и дека може од поискусни да се добие совет, ама некогаш се оди во екстрема. Такви глупоштарии се немам изначитано во цел живот. П.С. За да не ме нападне некој, а таквите ги има многу што се силни на зборови, виртуелно - знам дека никој не ме тера да читам и дека можам и на друг форум да си идам, ама ако веќе може да постојат мислења за тоа дека Земјата е рамна, тогаш можам и јас слободно да го изнесам својот став.
Морам и јас да реагирам дека премногу луѓе се прават светици и светци и како им смета кога се коментира нечие однесување на "позната личност" или "инфлуенсер", но нажалост тие и се јавни личности, а со тоа им е и животот на тацна и тоа е секаде во светот така, дури и нивните семејства се изложени на коментари макар биле и негативни. Со самото тоа што некој е на таа тема значи сепак го интересира. Во светот многу од тие "инфлуенсери" се креатори на јавното мислење и како непишана обврска им е да внимаваат што се пласира, додека кај нас е забегано затоа и се коментира. Исто така и коментирања за нечија писменост и слично на форум ми е исто безвезе. Познавам личности што водат и блогови, а во риал лајф не знаат каде треба да се потпишат и молба да пишат и слично, ако некој сам нема желба да се описмени, ако некој на форум "го описменува" тешко дека ќе помине. За тоа постојат професори и наставници кои треба да си ја завршат работата У прв план. Како ќе пишува некој на форум е негов избор. И уште една работа највеќе што ме нервира што никој од модераторите (а тоа им е работа), не следи што се пишува и какви глупости, но сепак тука би ги обвинила на прво место оние што би поверувале и би земале лекови на своја рака затоа што некој на форум со скриено име и без одговорност им кажал така, но да си кажам.
Најмногу ми смета за тоа што не можам да го истакнам своето мислење како што јас го мислам за одредена инфлуенсерка , значи таа демек е јавна личност и во различни групи сум сретнувала јавно вреѓање и издавање на лични тајни на познати луѓе или пак некои вработени кои што можеш да одиш и да видиш кои се што не е убаво..
Она што мене не ми се допаѓа на форумов е што нема никакви новости, не е сменето НИШТО буквално. Откако сум се зачленила на 12ти декември далечната 2010 година Признавам не сум активна баш често (како со годините така со обврските) али ми стои зачуван форумов на пребарувачот и кога и да сакам да се уклучам ми е достапен на почетна...али кога и да отворам како да застанал во 2010/11 , ретко нешто да видам тема од страна некоја актуелна нешто ако се пишало/коментирало безразлика, дај да се подразбудат малце админите на форумов да го вратиме форумот ФЕМИНА повторно како што беше едно време -премногу актуелен! Не минело ден да не си дојдам од школо а да не отворам сајтот и форумот, чисто мислење лично никако да се свати навредливо ! Поздрав до оние кои сеуште се активни и пробуваат ФЕМИНА форум да го оживеат малце од малце! <3
Тоа што мислења стојат само колку да има повеќе мислења, и повеќе трафик, а не оти некаков квалитет на дискусиите допринесуваат. Profit over quality, sucks.
Зошто да се разбудат админите? Што не отвориш ти некоја актуелна тема за промена? Не отвараат теми админите, туку членовите. Зошто не си коментирала во најновите актуелни теми? Ако ти не коментираш и ако уште 50 како тебе не коментираат, тогаш како ќе има нови коментари? Многу бараат нови и актуелни теми, а никој не отвара.. тогаш како ќе има нови актуелни теми? Платформава нема опција а и не е толку паметна сама да отвара теми.. Најактивни нови теми Токсична врска со родител Од thequeen95, Одговори: 101 Запросување во престапна година,... Од vampire25, Одговори: 76 Полицајки сексуално вознемирувани... Од ЕденЧлен, Одговори: 66 Што им е потребно на младите за да... Од SeaMermaid, Одговори: 39 Небото над нас Од Miiaaa98, Одговори: 33
Не ми се допаѓа тоа што некои членови не сфаќаат дека форумот по правило е анонимен и неговиот концепт се заснова врз ТЕМИ ЗА ДИСКУСИЈА/РАЗМЕНА НА СТАВОВИ, па доаѓаат тука или во друштво, или доаѓаат за да најдат друштво и сите топици ги полнат со чатување, интерни шали и глупости кои само ним им се интересни, кога гледаат дека некој одбива да се здружи со нив, не ги лајкува, не ги поздравува, почнуваат да тормозат. Едно време мислев за деца се работи, нели не се анонимни, а егото им е повредено, мораат да се истакнат пред соучениците што ги читаат ама не, 18+, баеги задоцнет пубертет.
И тоа што се слуша мислење на провокаторка на која сè ѝ смета,а нејзините навредливи мислења не се бришат.
Не ми се свиѓа тоа што ние младите сме многу потценети прво затоа што сме млади, второ пошто не сме сеуште мајки. Као what the fuck is wrong with you?
Не мислам дека сте 'прости' по дифолт, оти сте млади... Многумина на форумов, сте многу добро потковани со знаења. Ама за животни случки кои не сте ги доживеале, не можете да знаете, пошто го немате тоа искуство. И за мене можам да речам, дека иако сум возрасна, има работи кои не ги знам за младите, ниту пак знам како е да живееш во странство (на пример), или како е да работиш во голема фирма... или не знам шо.. Некои 'знаења' се градат со искуство, ни една книга или документарец, не може да те научи на суштината на истото. Не сфаќајте толку лично. Колку пати се случило да згрешам нешто, па некој што знае повеќе од мене ќе ме поправи, па си прифаќам. Не чини его да билдаш, без основа.
@WildMk Да, секој учи од искуство, ама овде кога немаш друг аргумент за дискусија, се е или вие сте млади или вие сте непрогресивни. Јас сум точно измеѓу двеве групи во години, и подеднакво ми се неосновани аргументиве. Многу се овде на форумов исклучиво за карање дојдени, со чест на исклучоци. Инаку од тебе лично не сум видела такви аргументи да користиш, не мислам на тебе лично со ова.