Да, втора сезона е досадна, првата ми се свиѓаше, фала на корекција Глумата си е ок, ама предосадна ми дојде
Да, малку е slow burn и тоа не е за сечиј вкус. Мене на моменти ми фалеше динамика ама финалето од втората сезона беше одлично, па замижав на некои недостатоци.
Јас три епизоди имам изгледано само. Ич не сакам кога цела сезона не се случува ништо и се е "напикано" во последната. Ама ќе ја догледам секако, не се откажувам
И јас се мислам дали да ја почнам Severance. Нон-стоп ми излегуваат рилови од серијава и некако ептен ми фаќа око, па ќе пишам како ќе ми се допадне.
Ако сакаш возбудлив трилер со многу мистерии и интриги, ти ја препорачувам серијата Medusa! Приказната е за успешна директорка која по обид за атентат почнува да открива мрачни тајни поврзани со нејзиното семејство и компанијата. Корупција, борба за моќ и неочекувани пресврти – серијата е полна со напнатост и одлично сценарио. Достапна е на Нетфликс https://m.imdb.com/title/tt35836959/
Не е се' напикано, всушност има уште многу неодговорени прашања, ама е дефинитивно повеќе трилер од останатите. Се случуваат и други работи од трета-девета епизода, но нема некои којзнае какви пресврти. Како и да е, обновена е за трета сезона, па останува простор уште многу да се развива приказната.
The Residence (2025) Нова интересна серија на Нетфликс. Класичен "who done it" концепт, со комични елементи. Забавна, лесна за гледање. 7/10
Серија Кукли или The Dolls (the telki) Руска серија, главен лик е Милош Биковиќ Серијата е феноменална!! Мистерија, секоја наредна епизода ме оставала со отворена уста! Ако барате серија која нема да може да престанете да ја гледате тогаш еве ви предлог. Ја има на Gley. Како жена може да уништи нечив живот Многу моќна серија! 10000/10
The White Lotus (2021) Чудна серија. Нема којзнае колкава тежина или којзнае каков заплет, ама ептен те "вовлекува". Добрата продукција си го прави своето. Одлична фотографија и кадри, визуелно супериорна. На моменти скроз лесна, на моменти мрачна и тешка, пронижена со хумор.. Се радувам на секоја нова сезона и се надевам дека ќе има уште многу Препораката се однесува на сите сезони, а моментално е актуелна третата. Прилично бавно се одвива, ама од горенаведените причини држи внимание. 8/10
Behind Her Eyes (2021) Жанр: Трилер/Мистерија/Драма https://www.imdb.com/title/tt9698442/ Една од подобрите серии што ги имам гледано. Башка има само 6 епизоди а јас највеќе сакам да гледам мини серии. Крајот е врв, премногу откачен, од сите можни сценарија што ги имав во главата за тоа како ќе заврши ни на крај памет не ми текна такво нешто... ЛУДИЛО. BTW би сакала препораки за други мини серии со најмногу 2 до 3 сезони
Black Mirror (2011) Сезона 7 Новата сезона не ме разочара Ми се свиѓаа сите епизоди, освен шестата. Иако ми се допадна идејата да има продолжение на епизода од претходните сезони, сепак некако ми беше досадна, предолга и безвезе. Од другите 5 епизоди, сите солидни, а се издвојува првата. Убаво склопена критика на времето во кое живееме. Актерите на ниво. 8/10
Dying for Sex (2025) Моли е млада жена со рак на дојка во терминална фаза. Таа е решена во она малку време што и останува, да експериментира со својата сексуалност. Првичниот впечаток е дека серијава е за секс, но всушност е за љубов, траума, пријателство.. Тажна и смешна, изопачена и забавна, ја изгледав во "еден здив". 7/10
Предлог серии 2025 2019 - 1, 2 2020 - 3 2021 - 4, 5, 6 2022 - 2023 - 2024 - 7 2025 - ...pending... Invincible 9/10 Разгледвав на назад да видам шо сум пишела за претходни сезони и за ова не најдов, или бар ми се промакна. И то е криминално. Анимирана серија, меѓу подобрите. Ако сакате суперхерои - ќе биди нешто шо ти се бендисва. Ако си фан на суперхерои кои се комплексни и како анимирана верзија од the Boys ... целосен погодок. Good Omens 9.5/10 Уште една серија која почна прејако и продолжи прејако. Јас сум голем фан на Тери Претчет и гледајќи дека тој е дел од оригналната приказна беше прво нешто шо ме привлече мене. Самата приказна и плус преталентираните актери (и колку goofy хемија имааат) ме задржа максимално. Важно: од главните ликови едниот е ангел, другиот е демон. Обработува такви теми. Harley Quinn 9.5/10 Анимирана серија, која после многу сезони уште држи квалитет. Врските кои ги екслорира се многу реални, многу „возрасни“ и многу зрели. А, „маската“ на серијата низ која ги носи овие приказни и character arcs е уствари група на „лоши“ (villains). Maid 10/10 А-у лудници. Многу уба претстава на жени-жртви на насилство и сиромаштија, колку има легални дупки во кои заглавуваат и колку е тешко да почнат од 0. Иницијално му имав даено 9ка оценка, ама вака кога гледам после некое време на серијава - дефинитивно е чиста 10ка. Adolescence 8.9/10 Многу сакам кратки серии зошто многу често се добро осмислени и исполнати. И ова не е исклучок. Впрочем и на форумов беше доста популарна. Фокусот е на момче, сомничено дека убива девојче. Разгледува инцел култура на многу интересен и неопходен начин (за нас, општеството). Daredevil: Born Again 10/10 И овде можда влегвам со bias ама Чарли во улога на Daredevil пак за мене беше многу возбудливо. Ама, серијата е инзвонредно почната во првата сезона, одлично продолжи и објасна шо се случи во периодот од оргиналната серија до сега. Исто така имам страшен краш на Чарли во ова улога. American Horror Story 7/10 За серијава уште ко ја гледав, секоја сезона ја оценив посебно и буквално 7 дојде просекот. Има прејаки сезони и послаби сезони. Ама во глобала е нешто шо мене ми е стварно интересно. И за подолги серии многу го сакам концептот секоја сезона да е засебна, голем бонус ако се и истите актери. Fleabag 10/10 Серијата кај шо почнав да се прашвам дали ме привлекват католички свештеници, ама генијална серија. Фиби е генијалец. Ми се допаѓа дека серијата е две сезони и толку е длабока. Морам да ја прегледам пак, зошто со секое прегледвање можи да се види некој нов аспект шо го пропуштив претходно. Пример, втора сезона прај смисла дека завршва баш тогаш и не ни дозволва да ја пратиме (ние, публиката). Long story short, серијава е мојот ''roman empire''. The Decameron 9/10 Серијава предолго време ја избегнував зошто ми личеше пресериозна, а не бев расположена за то. И после бев расположена за нешто посериозно. И ја пуштив. And oh God. Дејството се случва за време на чумата. И е х а о т и ч н а. Збора за системи на моќ и како е класното уредување ама на начин шо е толку „лесен“ и комедичен. Јас пуштам серии на вајбс. После оваа почнав да размислувам да почнам да гледам трејлери зошто е грев толку долго да ја одлагав мислејќи дека е нешто друго базирано на една реченица. Wednesday 9/10 Мислам дека кажвам многу популарно мислење - ама ова е многу добра серија. Комбинацијата на Тим со толку талентирани актери околу себе е магија. Ја зема оргиналната приказна за семејството Адамсови и ја носи во готик совршенство. Stranger Things 9.4/10 Можи да се види дека сакам серии кои имаат почеток и кои имаат крај. Шо најмногу ми се допаѓа е дека секоја сезона е инспирирана од башка серија/филм/книга и се то е толку суптилно вметнато, неосетно, шо го прај вистинска уметност. И ако изгуглате од шо е инспирирана одредена сезона и ја прегледате (нешто шо го праев годинава), уствари можи многу јасно да се види како користи серијата елементи од таа поп-култура која ја користи на многу паметен начин. Monsters 9/10 Уште една серија која премногу ја одлагав оти сум многу поделена на то како се осеќам за обработка на сериски убијци во поп култура. Ама морам да признам дека секоја серија, за секој еден сериски убиец е одлично изработена, и реални во рамки на можностите. Пак цел круг она шо велев за American Horror Story - едноставно сакам кога има одредена тема (Monsters) и секоја сезона е башка приказна во склоп на таа тема (исто пример The Haunting користи таков концепт и е нешто шо стварно сакам). Penguin 10/10 Земајќи во предвид дека Софија Фалкон ми е најголем грл-краш во DC универзумот - Кристин Милиоти ми даде верзија на Софија покрај таа на Кристал Рид која подеднакво многу ја сакам. Башка шо актерите - одлични, многу comic-accurate (нормално зависи кои верзии на стрипови/серии/филмови ви се носталгични), за мене чиста 10ка. Nobody Wants This 9/10 Жена која има секс-подкаст и е агностик, и маж кој е еврејски раби? Љубовна драма во која имам максимално интерес и со еве две сезони до сега се докажува како вредна да продолжи да се гледа. Your Friendly Neighborhood Spider-Man 8/10 Да земиш нешто шо се смета за класик, и да успејш да го напрајш да е интерсно е голем успех. Обично обработка на нешто култно дава вајбс на „веќе видено“. Ова е одлично. Исто, анимирано. Honorable mentions: Dexter 8.5/10 Осум сезони и не ми здосади, то е нешто шо е за „браво“. Искрено, скроз girlhood ми беше серијава како искуство. Дур гледав како сецка и убива - јас си чкрткав цвеќенца паралелно. Она шо е суштина на серијата - го исполнува. Ми беше забавно да му напрам дијагностички профил на Декстр. Имам несогласувања лмао. Toxic Town 8.5/10 Мора да бидам искрена дека мислев насловот од серијава дека е некоја метафора. Серијата буквално е за загаден град и ефектите од таа загаденост која се јавува кај жителите in the long run. Sirens 8.5/10 Мислам дека многу луѓе не можат да претпостават кој пат ќе го фати серијава. И то е дел од шармот шо го има. Искрено јас го гледав ради Milly Alcock зошто сем како Rhaenyra ја немам видено во друга улога и сакав да видам шо има да понуди. И не само шо сум задоволна од неа, многу сум задоволна од серијата. Серијата инаку е за две сестри и една богата жена. Можеби култ? Ќе биди спојлер ако кажам. Драма е. Вреди. Only murderers in the building 8.5/10 Искрено Дизни+ екстра месец платив за рает да ја догледам серијава, си држи квалитет. Искрено не знаев како би продолжила после претходната сезона, ама успеа пак да се извлечи и да затвори многу дупки многу паметно. Eric 8/10 Фактот дека мораше да изгуглам серијата да видам која е, од ко видов дека има висока оценка ... ми беше малку црвено знаменце. Ама после го видов постеро и одма ми се врати целата приказна и е феноменална. Трилер е, за татко кој го има изгубено синот и начинот на кој се справува тој со та загуба. Haunted Hotel 8/10 Искрено серијава ја доживеав како „слатка“. Анимирана, така goofy. Остатокот е нешто шо е видено - хотел, ама е опседнат. Кој ќе умри на територијата на хотелот - станува дух таму ако има неразрешени прашања. Стандард хорор приказна со опседнување. Ама е light комедија. Cobra Kai 8/10 Иако не бев импресионирана од последната сезона како шо бев од претходните, приказната е конзистентна, добра, и исполнува очекувањата кои ги имам кога ја гледам серијата. Ако сте чак и малку носталгични - do it. Буквално ги има и оргиналните актери од Karate Kid. Gossip Girl 8/10 Почнуваа да ми излегват рилс многу за серијава, а ја немав гледано од ко бев тинејџерка. Ко во цел друг живот. Па сум седнала да ја гледам. Апсолутно smitten (повторно) од Blair Waldorf. Секогаш ќе биди that bitch. Серијата константно ми го држеше вниманието од почеток до крај. Не знам дали сум biased зошто ми е носталгична. Parks and Recreation 6.9/10 Сакам ситкомс, само шо мислам дека ептен ја споредвав серијата со многу други во нејзина категорија и не ми се мереше за некоја превисока оценка, ама па не можеше да помини без honorable mention. Ликовите се likeable. Лесна е за гледање. Има многу интересни теми опфатени на толку лесен начин, суптилно. То е 10/10 во моја книга.
Во последно време што и да пуштам ништо посебно не ми се допаѓа, па на пола ги исклучувам. Мислам дека добрите серии ги изгледав, тоа е тоа, а не ми се гледа нешто колку да се каже. Оваа година она што ми остави поокеј впечаток беше 3 Body Problem, за сите кои сакаат научна фантастика(главната идеја е заканата од можна вонземска инвазија поради контакт направен уште пред многу години). Всушност првава сезона е ротирање измеѓу настаните од минатото и сегашноста и осознавање на проблемот со кој се соочуваат. Има мистерија, има динамика, има футуристички технологии, ама не е чиста глупа акција како што често знаат да бидат овие со интерпланетарни збиднувања. Друга што исто ми се допадна, а почна прејако е Pluribus. Основата е исто така дистописка, каде што некаков вонземски вирус ги напаѓа сите луѓе на планетата и сите живеат во еден колективен ум освен неколку кои се имуни. Всушност фокусот не е на научно-фантастичнито дел, туку на справувањето и однесувањето на светот после тоа, на неафектираните наспроти целата останата популација. Многу добра алегорија за општествени дилеми кои ги имаме, ако сте into that и затоа и првично ми се допадна. Ама после некоја епизода, веќе дејството почна толку да станува slow burn што глеаш 15 минути како некој пие вода. Можеби финалето на првата сезона утре ќе даде некој пресврт, најискрено се надевам.
@theowndemon Fleabag е можеби најпотценетата серија на сите времиња. Ужасно ми е криво што нема повеќе сезони/епизоди. Penguin е за мене најдобра серија во 2025. Ако евентуално ја немаш гледано After Life со Ricky Gervais, обавезно пушти ја.